34-годишниот Јуриел од Израел целосно се изгубил кога му била испратена видео-снимка на која се гледа дека меѓу затворениците т.е. киднапираните од музичкиот фестивал е и неговиот брат, кои минатата сабота беа заробени од членови на Хамас.
Имено, Јуриел рекол дека веднаш го препознал по русата коса и потоа извикал:
„О, Боже! Го фатија брат ми“.
Јуриел бил во Сан Франциско кога го примил видеото и го зел првиот лет за Ерусалим за да биде со своето семејство.
„Кога сфативме дека Хамас напаѓа, му се јавивме на Елканах и тој и кажа на нашата мајка: Добро сум“, изјавил тој, пренесуваат тамошните медиуми.
Јуриел понатаму додал дека го познава својот брат и дека тој никого не би оставил зад себе и дека мисли дека затоа го заробиле.
„Барем го имаме ова видео што е знак дека тој е жив. Сакам да му го покажам ова на светот, да го донесам дома. Тој знае дека луѓето гледаат. Нашата мајка плака на креветот држејќи ја неговата кошула. Ние сме многу загрижени“, додал тој.
Според The Sun, тој е женет, има деца и води продавница за сладолед во Тел Авив.
Вознемирувачката видео-снимка од заробениот брат на Јуриел можете да ја погледнете ОВДЕ.
Да потсетиме дека повеќе од 260 луѓе загинаа на фестивал во јужен Израел, откако вооружени лица на Хамас упаднаа на настанот со падобрани и камиони во саботата наутро.
Се вели дека групата зеле околу 150 луѓе како заложници, а видео-снимките покажуваат дека некои од терористите се враќаат во Појасот Газа со колички за голф и камиони.
Инаку, конфликтот меѓу израелската Армија и Хамас влезе во шести ден. Турција преговара за ослободување на цивилите кои ги држи Хамас како заложници. Израелскиот министер за енергетика Израел Кац изјави дека Појасот Газа нема да се снабдува со струја или вода додека заложниците земени за време на нападот на Хамас не се вратат дома.
Израел денеска формира Влада на единство. Државниот секретар на САД, Ентони Блинкен слета во Израел каде ќе се сретне со премиерот Бенјамин Нетанјаху и други високи функционери.
Советот за безбедност на ОН во петок ќе одржи состанок за конфликтот меѓу Израел и Хамас.