ВИДЕО | Ова е еден од најлудите голови во историјата на фудбалот! Погледнете како Шпанецот успеа да постигне спектакуларен гол во Премиер лигата

Во 32. коло од Премиер лигата, Вест Хем го декласираше Борнмаут на гостински терен со резлутат од 4:0, а за последниот гол на гостите, кој е ремек дело на Пабло Форналс, долго ќе се зборува во фудбалските кругови.

Повремениот англиски репрезентативец влета во шеснаесетникот на домаќините, со „фејк“ (лажен) го „скрши“ Џек Стивенс, а потоа нафрли пред противничкиот гол – каде Форналс најдобро се снајде. Иако топката доаѓаше од зад него, 27-годишниот Шпанец го изведе познатиот „шут шкорпија“ и го погоди долниот десен агол од голот на Нето за конечни 4:0.

Погледнете го голот на Форналс ТУКА.

Името за овој удар му се припишува на легендарниот колумбиски голман Рене Игуита, а една од неговите најпознати употреби на „шкорпијата“ се случи во септември 1995 година, за време на пријателскиот натпревар помеѓу Англија и Колумбија на „Вембли“.

БорнмаутВест ХемголПремиер лигафудбал