На ова работно место можете да заработувате 130.000 долари за еден работен ден, но, секако, тоа е многу опасно.
Станува збор за промена на сијалица на ултра високата кула. Таа сијалица се менува само два пати годишно, а тој што го прави тоа за два дена заработува 260.000 долари.
Видеото снимено од работник кој ја врши работата стана вирално на социјалната мрежа Тик Ток.
„Само малкумина се осмелуваат да ја работат оваа работа. Ова е една од најопасните и најплатените работи во светот. Ова е посебна работа која вклучува работа на голема висина, т.е. менување сијалица на 600 метри висока кула. Висината е еквивалентна на зграда од 200 ката“, вели човекот во видеото.
Потребни се четири часа искачување за да се стигне до врвот на кулата.
Кулата е изградена од метал, но колку е поголема висината, кулата е потесна. Нема заштитни мерки, а работниците се потпираат на јаже врзано за нивното тело.
„Ова не е само тест за вештините на работникот, туку и за неговата ментална и физичка издржливост“, се вели во видеото.