Познатиот руски пропагандист, Илија Туманов, на својот влијателен профил на социјалната мрежа Телеграм со име @Fighterbomber тврди дека Украинците, користејќи американски ракети ATACMS, извршиле голем напад врз руската воздухопловна база во близина на градот Бердјанск, која моментално е во руски раце.
„Големи загуби има и во работна сила и во опрема“, тврди во објавите Илија Туманов.
Нападот беше опишан од руски воени извори како еден од најзначајните удари врз руските сили од почетокот на т.н. „специјална воена операција“, ако не и најзначајниот.
Иако сè уште нема официјална потврда дека во нападот навистина биле користени проектили ATACMS, една видео-снимка јасно покажува континуиран оган и серија експлозии во воздушната база. Локалните извори го потврдија нападот и велат дека на зградите е причинета голема материјална штета, а видео-снимката од нападот можете да ја погледнете ОВДЕ.
Генералштабот на Украина, исто така, рано изутрината на 17. октомври објави дека украинските сили погодиле два руски хеликоптери, складиште за муниција и дел од артилерија, но не наведе детали за тоа каде биле извршени нападите.