Бројни бразилски медиуми објавија за Грација Жервасио, девојката која решила да го прослави својот 28-ми роденден во ковчег!
И тоа не било се, Грација Жервасио ги замолила своите пријатели да се однесуваат како да се на погреб, да се преправаат дека се тажни и плачат, но и да ја исполнат просторијата со свеќи, цвеќиња и венци.
„Те сакаме“, пишувало на еден од роденденските посетри на девојката, а добила и торта во форма на срце.
Фотографиите од, во најмала рака од овој необичен собир веќе собраа речиси 200 илјади допаѓања на социјалната мрежа Инстаграм, а интересно е да се каже дека многумина воопшто не ја доживеале идејата како нешто морбидно, напротив како забавно и необично.