Голем број на луѓе од Македонија секоја година летуваат во Грција. Цените на сместувањето зависат од туристичката дестинација, близината на море, видот на сместување, сезоната и други фактори.
На социјалните мрежи секојдневно се појавуваат фотографии и објави од оваа дестинација, а една многумина пријатно изненади.
„Не можевме да поверуваме дека се можни толку ниски цени на плажата во Грција. Ова е Ханиоти денес“, објави на Инстаграм профилот на Nikana.gr со видео на кое се гледа ценовникот што збуни многумина.
Додека слушаме дека храната и пијалоците се зголемуваат, особено на плажите, се вели дека едно фрапе на ова место чини само 1,50 евра, исто како еспресо или домашно кафе. Капучино е 1,70, свеж сок 2,50, пиво 1,80. Можете да се засладите со крофна за 1,70 евра, а исто толку чини и парче пица, а специјална понуда е виршла од 1,50 евра, како и сладолед…