ВИДЕО | ОВА Е НАЈСТРАШНАТА СНИМКА ОД ЕКСПЛОЗИЈАТА ВО ГРЦИЈА! Огнена печурка се издигнала кон небото, а земјата почнала да се тресе – погледнете

Жителите на Неа Анџалос и регионот на Волос од вчера стравуваат за своите животи, бидејќи пожарите беснеат во оваа област на Грција. 

Ситуацијата денес стана уште полоша, бидејќи магацинот за воена муниција, лоциран во областа Карамба, експлодираше нешто пред 18:00 часот по локално време претходниот ден. Континуираните експлозии ги искршиле прозорците на бројни згради во непосредната и подалечната околина, а ударниот бран кој стигнал до Волос принудил многу жители во паника да ги напуштат домовите.

Случајните минувачи, кои го снимале пожарот кој беснее во близина на Неа Анџалос, случајно го снимиле моментот на експлозијата. Во драматичното видео можете да видите како прво се слуша мала експлозија, а потоа се почнало да се тресе и се издигнала огромна огнена печурка кон небото.

Од претходниот ден е наредена итна евакуација на областа, па мајките со бебиња во раце во чамци бегаат на отворено море за да си ги спасат животите.

Како што пренесуваат соседните медиумите, жителите на Стоупи, Веланидија, Маратос, Критарија, Сорос, Криси Акти Панагија и Агиос Георгиос биле известени да ги евакуираат своите населби и да се упатат кон Волос. Во исто време, жителите на Неа Ангиалос биле известени да се евакуираат и да се упатат до Алмирос.

Во тек е итна евакуација од Неа Агиалос, во близина на Волос, каде претходниот ден се случи експлозија во складиште за воена муниција. Мајки со бебиња во раце, неподвижни луѓе, семејства со домашни миленици, брзаат кон морето односно кон глисери и гумени чамци за да избегаат на отворено море и да се спасат од сигурна смрт.

Десетина граѓани успеале да се евакуираат со своите возила од овој крај, но многумина чекаат на плажата да стигнат до нив чамци и да ги однесат на безбедно.

За тоа време, полицајците трчаат од врата до врата и ги принудуваат луѓето што побрзо да се евакуираат.

Грчките медиуми пишуваат дека цело време има експлозии во областа.

Се уште не се знае дали има жртви или повредени, а од силината на детонациите е причинета материјална штета на бројни објекти. Стаклото што се скршило при експлозијата било расфрлено по улиците. Грчките медиуми јавуваат дека неколку борбени авиони F-16, кои биле на овој простор, биле префрлени во друг дел од земјата.

Официјално се уште не е објавено каква муниција имало во магацинот. 

ВолосГрцијапожар