Aвионот на Евгениј Пригожин, лидерот на приватната руска платеничка армија Вагнер, се сруши во близина на селото Куженкино во областа Твер. Според податоците на руските служби за итни случаи, во авионот имало 10 лица од кои 3 членови на екипажот и сите се загинати.
Последното појавување на Пригожин е снимено два дена пред неговата смрт, кога се обрати преку видео, а се шпекулира дека тоа го направил од Африка.
Во видеото Пригожин стои во пустина со пушка во рацете. Во далечината има повеќе вооружени луѓе и возило.
„Температурата е +50°C, баш како што сакаме. Вагнер ја прави Русија уште поголема на сите континенти и Африка послободна. Носиме правда и среќа на африканските луѓе. Животот на ИСИЛ, Ал Каеда и други бандити правиме да им биде кошмар“, вели Пригожин.
Тој додаде дека Вагнер продолжува да регрутира борци и групата „ќе ги исполни поставените задачи“.