ВИДЕО Ова е снимка од девојка која пријавила дека ја силувале пет мажи: Силувачот ја следел во ќебапчилницата

По групното силување на млада Австралијка, се појави видео од надзорната камера од ќебапчилницата каде таа побарала помош. Таму ја следел еден од силувачите.

Откако една млада австралиска туристка била силувана во Париз, таа успеала да побегне и да побара помош во ќебапчилницата на булеварот Клиши во областа Пигал.

Набргу потоа, еден од нејзините напаѓачи тргнал во потрага по неа, како што сугерира видеото од надзорната камера во ресторанот.

На видеото се гледа како вработени во ќебапчилницата ја тешат и и даваат вода. Тогаш во ќебапчилницата влегува човек во бела кошула со торба преку рамо. Мажот нарачал храна, а потоа решил да и пријде на жртвата тапкајќи ја по рамо, по што таа го идентификувала.

Камерата потоа покажува како вработените скокнале во одбрана на силуваната жена. Човек во црна маица му приоѓа на напаѓачот и го удира по лицето. Потоа околу него се собраа повеќе мажи. Тој бил исфрлен од ќебапчилницата, но не успеал да побегне пред да дојдат двајца полицајци.

Сопственикот на ќебапчилницата за 7News изјавила дека жената постојано плачела и дека фустанот и бил искинат.