Низ социјалните мрежи се шири видео од мал англиски булдог кој прв пат ја посетува плажата, а неговата реакција насмеа многумина.
Кучето по име Егнонг (Eggnog) срамежливо шета по песочната плажа додека неговиот сопственик го охрабруваше.
„Тоа е само песок, не е жив песок, нема да потонеш“, се слуша како му вели сопственикот на кучето.
Видеото собра повеќе од 930 илјади прегледи и речиси 55 илјади допаѓања за многу кратко време.
„Ова е толку слатко“, „Мора да се чувствува чудно под неговите шепи“ и „Тој е толку смешен“, се само дел од коментарите на корисниците на социјалната мрежа Тик Ток.