ВИДЕО | “ОВА НИКОГАШ НЕ ТРЕБАШЕ ДА БИДЕ ОБЈАВЕНО!“ – Протече приватна сцена од сооблекувалните на УС Опен што предизвика голем бес во тениската јавност – погледнете

Откако го спречи големото американско финале со „нокаутирање“ на Медисон Кис во полуфиналето на УС ОпенАрина Сабаљенка доживеа болен пораз во големото финале.

19-годишната американска тенисерка Коко Гауф во одличен финален натпревар ја победи Белорусинката со 2-6, 6-3, 6-2, освојувајќи ја првата Грен Слем титула во кариерата.

Арина Сабаљенка така остана на една Грен Слем титула, која ја освои на почетокот на оваа година на Австралија Опен, а по поразот во финалето збесна во соблекувалната.

Од сооблекувалната на стадионот „Артур Еш“ во Њујорк, протече видео од дивеењето на 26-годишната тенисерката, веднаш по поразот.

Арина Сабаљенка по доделувањето на наградите влегла во соблекувалната, го извадила рекетот и почнала да удира по подот додека не го скршила, а потоа го фрлила во ѓубре.

Видеото предизвика револт кај дел од тениската јавност, но не поради сцените кои се стопати видени на големите турнири, пред гледачите на трибините и пред камерите, туку затоа што се работи за приватен простор на тенисерката. 

Откако видеото стана вирално во неделата, Џуди Мареј, мајката на Енди и Џејми Мареј, го сподели своето незадоволство со јавноста.

Оваа снимка никогаш не требаше да биде објавена. Приватен момент во празна соблекувална по разочарувачката загуба на титулата од Грен Слем турнирите“, напиша Џуди Мареј и самата го сподели видеото уште еднаш.

Арина СабаљенкатенисУС Опен