ВИДЕО | ОВА НИКОЈ НЕ БИ ПОСАКАЛ ДА ГО ДОЖИВЕЕ – 14 милиони луѓе гледаа со неверување: Погледнете како оваа девојка го откачи своето момче и му кажа “НЕ“

Јавно запросување носи со себе голем ризик. Што ако планот тргне наопаку или вашата поубава половина ве одбие пред сите. Еден човек е жив пример за тоа колку брзо може да дојде разочарувањето и срамот.

Во видеото, кое го погледнале околу 14 милиони луѓе досега, може да се види млад пар како романтично танцува на италијанска музика од локален уличен пејач во центарот на Рим. Дечкото по име Валерио решил во еден момент да го прекине романтичниот танц и да клекне пред својата девојка. Тој од џебот го извади свршеничкиот прстен додека насобраните минувачи гледале и навивале воодушевено.

Поминаа неколку минути, девојката почна да се смее, како и младиот човек, но познатото „Да“ не се слушна. Се што кажа девојката на италијански јази беше дека сè уште не е подготвена, а потоа само го праша: „Заради ова дојдовме во Рим ?“.

Валерио, кој сам си го сподели видеото, напиша дека единствената добра работа е што продавницата за накит „Cartier“ каде што го купил вереничкиот прстен има гаранција од 30 дена. Коментарите на луѓето, главно жени, беа едногласни кога станува збор за запросување на јавно место. Многу стрес и притисок кон другата страна, како и неподготвеност или погрешен тајминг, се дел од работите кои би можеле да доведат до – „Не“.

запросувањеИталијаљубовРим