Илон Маск предизвика вистинска лавина откако напиша објава на социјалната мрежа Твитер во која го спореди милијардерот, демократски донатор и финансиер на бројни невладини организации ширум светот, Џорџ Сорос, со негативецот од „X-Men“, Магнето, кој меѓу другото, игра во истоимениот филм.
„Тој сака да го уништи коренот на цивилизацијата, Џорџ Сорос го мрази човештвото“, стоеше во објавата на Илон Маск.
Џорџ Сорос, ако некому му треба потсетување, долго време е мета на десничарски експерти и политичари и честа мета на антисемитски напади. Џорџ Сорос и неговото семејство избегале од нацистите за време на Втората светска војна.
Во врска со овој напад на Џорџ Сорос, Илон Маск даде интервју за Дејвид Фабер од CNBC, кое брзо стана вирално на Интернет. На пример, познатиот американски конзервативен новинар Бени Џонсон, кој го следат над милион луѓе на социјалната мрежа Твитер, тврдеше, споделувајќи клип од разговорот помеѓу Дејвид Фабер и Илон Маск, дека тоа биле – „најважните 90 секунди од интервјуто досега!“.
Во интевјуто Илон Маск тврди дека воопшто не му е грижа дали неговите објави ќе исплашат потенцијален купувач на акции на неговата компанија Tesla или огласувачи на социјалната мрежа Твитер.
„Тоа е мое мислење!“, вели Илон Маск и додава: „Постои нешто како слобода на говор!“. Потоа тој направи паралела и заклучи: „Ќе го кажам тоа што сакам да го кажам – ако тоа значи дека ќе ги изгубам сите пари, нека биде така!“
Погледнете инсерт од интервјуто на CNBC: