Речиси и да нема човек кој не сака партнер кој ќе се грижи за нив и ќе ги сака до крајот на животот. Ова видео објавено на социјалната мрежа Твитер покажува како 102-годишен маж ја посетува својата сопруга и и подарува цвеќе, едноставно снимката ви ја полни душата со љубов и енергија!
На видеото, сопругот влегува во болничката соба на сопругата, оди полека со помош на друго лице. Во раката држи букет бели цвеќиња. Тој и приоѓа на жената и нежно ја бакнува во образот, а потоа и ги подава цвеќињата.
„102-годишниот сопруг и носи цвеќињата на љубовта на својот живот, која е во болница“, гласи насловот на видеото. Откако објавата беше споделена на социјалната мрежа Твитер во четвртокот, собра многу бројни реакции и прегледи од корисниците.
„Љубовта победува се“, „Бог да ги благослови“, „Ова видео ме расплака. Ова е доказ за вистинска љубов и ваквите работи секогаш ме расположуваат“, се само дел од коментарите оставени од луѓето под објавата.