Пол Гринберг за својот документарен филм „The Fish on My Plate“ решил една година да јаде само производи од риба и по овој предизвик да го тестирал своето тело.
Постојано слушаме за тоа колку е здрава рибата, а авторот и риболовецот Пол Гринберг решиле да ја тестираат оваа теза во експеримент на сопственото тело. Една година јадел риба за појадок, ручек и вечера. Вели дека не била лесна задачата, иако сакал да јаде риба, не е навикнат да ја јаде секој ден, и за сите три оброци. Сепак, тој успеал да победи на овој предизвик и по една година заминал на докторски преглед.
Се испостави дека неговите резултати биле речиси непроменети, освен што во меѓувреме развил покачен крвен притисок. Проблемот настанал и со зголемувањето на живата во организмот, што влијаело на неговата меморија и видот.
Сепак, резултатите не биле толку лоши и Пол Гринберг вели дека се чувствувал одлично и имал многу енергија и во таа година никогаш не се разболел ниту настинал.
А медицинските експерти кои подоцна се занимаваа со истражувањето на Пол Гринберг дошле до следниот заклучок: Рибата не е штетна, туку многу корисна за организмот, но само кога се консумира во умерени количини. Сè што е претерано има тенденција да ја загрози состојбата на организмот. Омега 3 киселините, цинкот, железото и другите минерали и витамини во рибата се неопходни за здрав живот, но малите количини жива се знак дека не треба често да јадете риба. Совршената мерка е еднаш или два пати неделно. На овој начин ќе му обезбедите на вашето тело се што ви треба и во потребните количини, пренесува Men’s Magazine.