Каликсте Нзамвита, 71-годишен маж од Руанда, живее во изолација 55 години поради неговиот „екстремен страв од жените“. Наводно, последните 55 години ги поминал во самонаметнат егзил, поточно се забарикадирал во својот дом за да избегне контакт со жени.
Каликсте Нзамвита започнал да се изолира на 16-годишна возраст, што значи дека прави се, од спиење, чистење, готвење, мокрење во својот мал затворен изолиран простор.
Иако никогаш не му била дијагностицирана, се верува дека Каликсте Нзамвита страда од гинофобија, многу ретка состојба опишана како нерационален страв од жените.
Во видеото на Јутјуб објавено од Afrimax TV, Каликсте Нзамвита вели:
„Причината поради која се заклучив внатре и имам ограда на мојата куќа е затоа што сакам да се погрижам жените да не ми се приближат“.
„Кога се обидуваме да му помогнеме, тој не сакаше да му се приближиме или да разговараме со него. Наместо тоа, му даваме работи фрлајќи ги во неговата куќа. Тој не ни дозволува да му се доближиме, но сепак го зема тоа што му го нудиме од далечина“, вели еден од неговите соседи во интервју за Afrimax TV.
Да се живее таков затскриен и осамен живот можеби изгледа како невозможен предизвик за повеќето луѓе, но Каликсте Нзамвита изгледа задоволно со овој начин на живот. Овој човек кој живее во многу скромни услови има намера да продолжи да живее како што живее повеќе од половина век.
„Начинот на кој живеам е сосема доволен за мене. Никогаш не сум размислувал да имам жена и тоа е сосема во ред со мене. Не сакам жени околу мене бидејќи многу ме плашат“, изјавил тој.
Овие специфични фобии често може да се развијат во детството или адолесценцијата и може да станат помалку сериозни како што стареете. Вообичаени примери на специфични фобии вклучуваат страв од одредени животни, како кучиња, или страв од одредени активности, како што е летање.