ВИДЕО | ОД МОЗОКОТ НА ОВАА ЖЕНА ИЗВАДИЛЕ ЖИВ ЦРВ ДОЛГ 8 МИЛИМЕТРИ – Ова е прв случај во светот: Докторите останале во неверување од тоа што го виделе

Неименувана 64-годишна жена од Австралија, првпат била примена во болница кон крајот на јануари 2021 година, откако три недели страдала од абдоминални болки и дијареа. Покрај тоа, таа имала сува кашлица, треска и зголемено потење во текот на ноќта.

До 2022 година, нејзините симптоми станале многу сериозни, па таа почнала често да заборава и да паѓа во депресија. Докторите во една мала локална болница ја упатиле кај повеќе стручни колеги во Канбера каде на магнетна резонанца на мозокот откриле некои абнормалности за кои е потребна операција. Тоа што докторите го пронашле во нејзиниот мозок ги изненадило дури и нив – жив црв долг осум сантиметри.

Дотогаш, тоа било само уште еден обичен ден на Одделот за инфективни болести за д-р. Санџај Сенајаке, додека неговиот колега, неврохирург д-р. Хари рекол:

Нема да верувате што штотуку најдов во мозокот на оваа жена, тој е жив и се врти“.

Докторите набрзо се собрале обидувајќи се да одлучат што да прават понатаму. Тие никогаш не виделе или слушнале за сличен случај. Изненадувачкото откритие ги поттикнало итно да се обидат да откријат за каков вид на црв се работи и врз основа на тоа да донесат одлука за понатамошно лекување на пациентот.

Неврохирурзите редовно се справуваат со инфекции на мозокот, но ова беше откритие што се случува еднаш во кариерата. Никој не очекуваше да го најде ова“, изјавил тимот од доктори.

Почнавме да ги пребаруваме учебниците, да ги бараме сите можни различни видови на кружни црви кои можат да предизвикаат невролошки инвазии и болести“, објаснуваат тие.

Потрагата им била залудна, па побарале помош од странски експерти.

Канбера е мало место, па го испративме црвот, кој сè уште беше жив, директно во лабораторијата на центарот CSIRO кој е многу искусен со паразити. Тие само го погледнаа и рекоа: О Боже, ова е Ophidascaris Robertsi (Офидаскарис Робертси)“, се сеќава д-р. Санџај Сенајаке.

Ophidascaris Robertsi е кружен црв кој најчесто се среќава кај питоните. Не е сосема јасно како влегло во мозокот на оваа жена, но факт е дека таа живее во близина на езеро каде има питони.

Таа вели дека никогаш не контактирала со змија, но таа често собирала лековити билки во околината. Докторите и научниците вклучени во нејзиниот случај претпоставуваат дека питонот го исфрлил паразитот преку изметот оставен на растенијата, а таа некако ги внесувала нивните јајца во нејзиното тело.

Пациентката треба да се лекува за други ларви кои можеби нападнале други делови од нејзиното тело, како што е црниот дроб. Но, со оглед на тоа што досега ниту еден пациент не е лекуван од овој паразит, треба да се внимава“, рекол докторот, кој е експерт за заразни болести од Австралискиот национален Универзитет.

Тој рекол дека некои лекови може да предизвикаат воспаление бидејќи ларвите умираат, а воспалението може да биде штетно за органите како што е мозокот. Затоа, тие биле принудени на несреќната жена да и дадат лекови кои спречуваат опасни несакани ефекти.

Таа беше толку храбра и прекрасна. Не сакате да бидете првиот пациент во светот со кружен црв кој вообичаено живее во питони и ние навистина ви симнуваме капа. Таа беше прекрасна“, изјавил д-р. Санџај Сенајаке и додал дела жената добро закрепнува и се уште е редовно следена.

Овој прв ваков случај во светот ни ја покажа опасноста од пренос на болести и инфекции од животните на луѓето, особено што луѓето и животните почнуваат да живеат поблиску еден до друг и нивните живеалишта се повеќе се преклопуваат“, заклучува тој.

Овој случај е опишан во септемвриското издание на списанието Emerging Infectious Diseases, како што објави весникот The Guardian.

Австралијаболестживотзмијамозокцрв