ВИДЕО | ОСЛЕПЕЛА ЗА ЦЕЛ ЖИВОТ И ДОБИЛА ОШТЕТА ОД 64 ЕВРА !? Невиден скандал во Кина: Хирург претепал пациентка со тупаници за време на операција на окото

Властите во Кина моментално истражуваат болница по инцидент во кој хирург наводно физички нападнал пациент за време на хируршка процедура. Инцидентот, снимен во вирално видео кое кружи на кинеските социјални мрежи, предизвика гнев во јавноста.

Матичната група на болницата, Aier China, презеде брза акција со суспендирање на обвинетиот хирург и отпуштање на извршниот директор на болницата каде што се случи инцидентот во 2019 година.

На видеото се гледа како хирург постојано удира во главата на пациент додека врши операција на очите. Aier China, синџир на офталмолошки клиники, појасни дека инцидентот се случил за време на операција во нивната болница во Гуиганг, југозападна Кина. Пациентката, 82-годишна жена, наводно покажала нетолеранција поради локална анестезија, движејќи ја главата и очните јаболка за време на операцијата.

Бидејќи пациентот зборувал само на локалниот дијалект и се чини дека не реагирал на предупредувањата на мандарински, хирургот наводно постапил грубо во итна ситуација. Локалните власти информираат дека пациентката добила модринки на челото.

По операцијата, болницата се извини и на семејството на пациентот му исплати 500 јуани (64 евра). Синот на пациентката, зборувајќи за локалните медиуми, спомнал дека неговата мајка сега е слепа на левото око, иако останува нејасно дали тоа е резултат на инцидентот.

Aier China призна дека болницата не го пријавила инцидентот во седиштето и, како одговор, најави отпуштање на извршниот директор на болницата во Гујанг. Хирургот, кој е и декан на болницата, е суспендиран поради она што Aier China го опишува како – „сериозни прекршувања на прописите на групата“, вклучително и неодредени прекршувања.

болницадокторинцидентКинаоперација