Сопругата на мексиканскиот нарко бос, Хоакин Ел Чапо Гузман, е ослободена од американски затвор откако отслужи помалку од две години казна за нејзината вмешаност во криминален акт тежок повеќе милијарди долари.
Ема Коронел (34 г.) постигнала спогодба со обвинителството, што ќе значи дека ќе биде под надзор четири години од сега, пренесува Sky News.
Ема Коронел беше осудена на три години затвор во ноември 2021 година.
Пред нејзиното ослободување во јуни, таа била префрлена од федералниот затвор во Тексас во дом во Калифорнија.
За време на изрекувањето на пресудата, таа изрази вистинско жалење, бидејќи се изјасни за виновна за перење пари и заговор за дистрибуција на кокаин, метамфетамин, хероин и марихуана за увоз во Соединетите Американски Држави.
Таа беше уапсена во февруари 2021 година на аеродром и осудена за трговија со дрога и перење пари подоцна истата година во Вашингтон.
За потсетување, таа одигра улога во помагањето на разработениот план за бегство од затвор на нејзиниот сопруг во 2015 година, кој вклучуваше тунел ископан под мексикански затвор.
Ел Чапо, водачот на картелот Синалоа, беше повторно фатен следната година и осуден на доживотен затвор.
Ел Чапо и Ема Коронел се венчаа на нејзиниот 18-ти роденден во јули 2007 година. На свадбата наводно присуствувале членови на мексиканската Армија, политичари и гувернерот на Синалоа.