ВИДЕО | Откако беше нападната поради нејзиниот изглед, секс симболот од 90-тите години брутално им одговори на сите: “Ќе ти дадам јас тебе стара и дебела, погледни се прво ти каков си!“

Ерика Елениак е најпозната по нејзините денови поминати во црвен костим за капење додека глумеше со Памела Андерсон и Дејвид Хаселхоф во хит серијата „Baywatch“, која се емитуваше од 1989 до 1999 година. 

Но, денес ретко кој ќе го препознае секс симболот од 90-тите години на минатиот век. Американската актерка и модел на Playboy ги изненади дел од обожавателите со фотографијата што ја објави на својот профил на социјалната мрежа Инстаграм, а тоа таа ретко го прави.

На фотографијата, Ерика Елениак ги покажа своите тетоважи кои ги покриваат нејзините раце во црна маица додека ужива во нејзниот релаксирачки ден дома. Но, по објавата имаше и коментари од оние кои се восхитуваа на изгледот на актерката која се прослави како Шауна Меклејн во „Baywatch“, една од најгледаните ТВ серии во светот, со неделна публика од 1,1 милијарда во 148 земји.

Тогаш повеќето од актерките во серијата беа млади и во топ форма и секако не можат да изгледаат исто како пред 30 и нешто години, а не може ни 53 години да изгледа исто споменатата актерка.

И иако објави фотографија на која изгледа многу убаво, очигледно ги разочара оние кои очекуваа „згодна девојка“, а потоа и ја пресретнаа додека се шета без шминка, ја фотографираа и потоа ја преплавија со погрдни коментари дека е дебела и стара. Таа во видео обраќање расплакана и без шминка им порача на сите да ги извадат своите фотографии од младоста и да ги споредат со тоа како изгледаат денес.

Погледнете го видеото ОВДЕ.

Ерика ЕлениакживотИнстаграм