Мостот „Чонгарски“, кој ги поврзува Крим и областа Херсон, е оштетен од ракетен напад на украинските сили, соопшти денес кримскиот лидер Сергеј Аксјонов.
Сергеј Аксјонов во објава на социјалната мрежа Телеграм напиша дека во нападот нема жртви и дека се работи на поправка на мостот.
„Непријателот изврши ракетен напад во областа на мостот ‘Чонгар‘ на северот на Крим. Некои од проектилите биле соборени од противвоздушни сили. Коловозот на мостот е оштетен, веќе се работи за поправка. Жртви нема“, напиша Сергеј Аксјонов, а пренесуваат руските медиуми.
Првиот ракетен напад на украинските сили на патниот мост беше извршен на 22. јуни, а десет дена подоцна мостот беше целосно обновен.