Германската полиција ги предупреди граѓаните во берлинските населби Клајнмахов, Телтов и Стансдорф во Берлин да бидат внимателни бидејќи диво животно избегало на улиците.
Според неофицијални информации, животното усмртило дива свиња, која наводно била снимена од случаен минувач и објавена на социјалната мрежа Твитер.
Се верува дека побегнатото животно е лавица. Петмина ловци со пушки опремени со средства за смирување го бараат дивиот ѕвер и прават се за што поскоро да го лоцираат животното.
Потрагата по забеганото животно започнала околу полноќ, а властите ангажирале два хеликоптери, пишува весникот Bild.
Се уште не е јасно од каде дошло животното. Најпрво било пријавено дека најверојатно лавицата побегнала од циркус, но полицијата соопшти дека ниту една зоолошка или циркус не пријавиле исчезнати животни.
На жителите им е соопштено дека секој што има информации за животното треба да се обрати до најблиската станица во Берлин. Надлежните побараа од граѓаните да не паничат, туку да реагираат смирено во случај да го видат ѕверот.
Ова предупредување од германската полиција предизвика гнев кај граѓаните, кои се во неверување од ситуацијата.