Претседателот на Русија, Владимир Путин, доцна во понеделникот за време на неговото прво јавно обраќање по бунтот, кој очигледно беше оркестриран од првиот човек на платеничката армија на Вагнер, Евгениј Пригожин, кажа дека организаторите на истиот – „ќе бидат изведени пред лицето на правдата“.
Владимир Путин кажа дека повеќето членови на платеничката група на Вагнер биле патриоти и биле користени во „тајна операција против нивните браќа со оружје“. Рускиот претседател им се заблагодари и на членовите на Вагнер кои решија да се откажат од бунтот и спречија крвопролевање.
Тој кажа дека на Вагнер им понудил три опции – да потпишат договор со Министерството за одбрана на Руската Федерација или со други безбедносни служби како што е полицијата, да се преселат во Белорусија или да се вратат кај нивните семејства и пријатели.
Владимир Путин вели дека бунтот е „криминална активност“ чија цел е „да ја ослабне нацијата“. Рускиот претседател додаде дека „секој обид за уцена ќе пропадне“ и дека Западот и Киев сакаат руските војници меѓусебно да се убиваат. Владимир Путин ја обвини Украина за учество во бунтот, што тој го нарече одмазда од Киев за слабата контраофанзива.
Владимир Путин ѝ се заблагодари на руската јавност за нивната „поддршка, патриотизам и солидарност“ по бунтот и интервенцијата на белорускиот претседател Александар Лукашенко што стави крај на бунтот.
„Практично целото руско општество се обедини зад обврската да ја брани својата татковина“, нагласи Владимир Путин во својот говор.
Рускиот претседател кажа дека бунтот е осуден на пропаст и дека неговите организатори повеќе не прават разлика помеѓу доброто и погрешното.
Во продолжение погледнете го целиот говор на Владимир Путин: