ВИДЕО | Партизан на посебен начин се прости од легендарниот Жарко Лаушевиќ: Клубот сподели исечок од филм во кој славниот актер ги кажува овие зборови

На 63-годишна возраст денес почина легендарниот југословенски и српски актер Жарко Лаушевиќ.

Во кратко соопштение до јавноста неговото семејство ја сподели тажната вест дека Жарко Лаушевиќ починал по кратко и тешко боледување, а датумот и местото на погребот ќе бидат објавени подоцна.

Фудбалскиот клуб Партизан од Белград на посебен начин се прости од познатиот актер.

На нивниот официјален профил на социјалната мрежа Х (Твитер), Партизан објавија видео-снимка од филмот „Svečana Obaveza“ од 1986 година, во кој Жарко Лаушевиќ го глуми професорот по географија кој е повикан во војска, каде што се спријателува со фармерот Ранко (Славко Штимац).

Така Жарко Лаушевиќ при еден разговор бил прашан – „За кого навиваш“, на што тој одговорил: „За Партизан!“. Објавата на фудбалскиот клуб и видео-снимката можете да ја погледнете ОВДЕ.

Жарко Лаушевиќ дипломирал глума на Факултетот за драмски уметности во Белград, бил член на Југословенскиот драмски театар, каде играл улоги во голем број претстави.

Жарко Лаушевиќ

Своето филмско деби го имаше во 1982 година, со улога во филмот „Progon“. Многу брзо добива една од главните улоги во ТВ серијата „Sivi Dom“ (1984 г.), која му донесе голема популарност.

После тоа, тој играше улоги во повеќе од дваесет филмови и телевизиски серии.

Жарко ЛаушевиќПартизансмртСрбија