Изминативе неколку дена на социјалните мрежи кружи видео кое покажува дека во пиењето, како и во се друго, треба да се ужива умерено и одговорно.
Во видеото можете да видите како пијан гостин на свадба сакал да ја „нахрани“ свадбената двојка откако младенците ја пресекле свадбената торта.
Младиот човек грабнал од торта и се упатил кон лицето на младоженецот, но „муницијате“ му паднала уште пред да му се доближи.
Кога тој обид не успеал, тој повторно се вооружил со тортата и се упатил кон невестата. Тортата, сепак, повторно завршила за среќа на подот.
Младоженецот потоа очигледно нешто му кажал, но тој продолжил да ги раширува рацете и да се глупира. Гледајќи дека не му оди најдобро со гостинот, младоженецот со прецизна десна рака го „нокаутирал“ на подот. Гостинот, кој според видеото изгледа е имун на болка, веднаш станал и почнал да му објаснува нешто на младоженецот.
Бидејќи младоженецот очигледно не бил заинтересиран за дијалог, друг гостин го оттурнал пијаниот маж од младоженецот, кој очигледно почнал да се подготвува за вториот круг.
Оригиналното видео беше објавено на социјалната мрежа Тик Ток од корисникот @petrovichpetrovich.