Холандски турист е снимен како врши нужда на лицето на заспаниот човек на плажа во Мајорка.
Вознемирувачкото видео покажува млад човек од Холандија кој е пијан, но доволно трезен за да оди и да направи невидена глупост во Палма де Мајорка. Наместо да го разбуди или едноставно да помине покрај него, Холанѓанецот решил да изврши нужда врз непознато лице.
„Ова е најболното нешто што сум го видела“, пишува во описот на објавата.
Заспаниот човек во тој момент се уште бил во длабок сон. Лицето кое го снима видеотопотоа зумира на изметот на лицето на несреќниот човек.
Мајорка е една од популарните дестинации за љубителите на плажата кои сакаат да видат прекрасни зајдисонца, меѓутоа, мештаните се загрижени бидејќи чекаат голем број туристи од Холандија, кои имаат лоша репутација.