ВИДЕО | Пластична гајба наместо кацига?! Снимката од жената на мотор ја налути јавноста, коментарите навраќаат

Замислете да видите ваква сцена среде шпиц и сообраќаен хаос.

Заднината не ја знаеме, но сигурни сме дека ова не е безбеден начин за возење на две тркала. Многу корисници на социјалните мрежи го мислат истото .

Видеото се појави на интернет и предизвика негодување кај луѓето, а е снимено во главниот град на Колумбија, Богота.

Додека мотоциклистот се пробива низ сообраќајниот метеж, неговата придружничка мирно седи, но наместо кацига, на главата носи пластична гајба.

Оваа (непромислена) акција го илустрира недостатокот на свест за безбедноста на патиштата, пренесува Lakalle Blue Radio.

Реакциите на социјалните мрежи покажуваат дека луѓето се револтирани.

„Неуки на мотори“, „Заштитна кацига Ниво 50“, „Вакви луѓе ги заземаат улиците“, гласеше дел од пораките.

Поединци сметаат дека владата мора да преземе построги мерки за сите учесници да ги почитуваат сообраќајните прописи.