ВИДЕО | Повеќе од 5.200 мртви во потопениот град во Либија: „Слушнавме експлозија, пукна браната“

Повеќе од 5.200 луѓе загинаа, а најмалку 10.000 се водат како исчезнати во КАТАСТРОФАЛНА, невидена поплава во источна Либија. Министерството за внатрешни работи на владата на истокот на Либија извести за најмалку 2.300 загинати, додека Меѓународниот Црвен крст процени 10.000 исчезнати.

Најлошо помина во источниот крајбрежен град Дерна, каде што браните очигледно попуштија, а поплавата, според либискиот министер, „збриша најмалку една четвртина од градот“.

Либија е политички поделена меѓу истокот и западот, а јавните служби се распаднаа по бунтот поддржан од НАТО во 2011 година, кој поттикна долгогодишен конфликт. Меѓународно признатата влада во Триполи не ги контролира источните области.


„На полноќ слушнавме голема експлозија и пукна браната“

Маж кој ја преживеал поплавата во Дерна вели дека во текот на ноќта слушнал експлозија. Тој верува дека тоа е звук од пукање на браната во близина.

„На почетокот само мислевме дека е силен дожд, но на полноќ слушнавме голема експлозија и браната пукна“, изјави Раџа Саси.

Тој за новинската агенција Ројтерс изјави дека водата стигнала до последниот кат од семејната куќа. Неговата сопруга и малата ќерка преживеале, но остатокот од семејството загинал.