ВИДЕО | ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СТРАШНИТЕ СНИМКИ ОД ТОРНАДОТО ШТО ЈА ПОГОДИ КИНА – Најмалку 10 лица загинаа, стотици се повредени

Најмалку 10 лица загинаа, а четворица се тешко повредени во две торнада што за неколку часа погодија делови од источна Кина.

Првото торнадо погоди делови од градот Сучијанг во провинцијата Џиангсу во вторникот попладне. Уништени се 137 домови и земјоделско земјиште и свињарски фарми. Пет лица загинаа, а четворица се повредени.

Уште едно торнадо во текот на вечерта усмрти пет лица во градот Јанченг, кој се наоѓа во истата провинција, на околу 190 километри југоисточно од Сучијанг.

Државната телевизија објави дека е нормализирано снабдувањето со електрична енергија и сообраќајот во областа Сучијанг, а видео-снимки од торнадото можете да погледнете ОВДЕ.

Жител во Сучијанг, провинцијата Џиангсу снимил торнадо од непосредна близина, а истото видео можете да го погледнете ОВДЕ.

Торнадата се релативно ретки во Кина, а најмалку 10 луѓе загинаа, а стотици други беа повредени кога две торнада ја погодија централна и источна Кина во 2021 година.

Кинаневреметорнадо