Бразилската ММА ѕвезда, Аманда Рибас, спектакуларно ја победи сонародничката Луана Пинеиро на спектаклот UFC 232 во Лас Вегас.
Таа со серија брутални удари го принуди судијата да ја прекине борбата во третата рунда.
Најпрво таа ја затресе со силен удар со десната рака во брадата. Несреќната Луана Пинеиро се вртеше околу октагонот и беше јасно дека крајот на оваа борба се ближи. Потоа следеше спектакуларен удар од вртење на ногата директно во глава. Луана Пинеиро се одби од кафезот и остана на нозе, но не долго… Доби уште неколку удари по лицето, падна на земја, а потоа Аманда Рибас жестоко се спушти на неа. Таа силно ја претепа додека лежеше на подот, принудувајќи го судијата да ја прекине тепачката.
Погледнете како тоа изгледаше ОВДЕ.