Еден од најпопучарните клубови во Саудиска Арабија, Ал Наср, предводен од португалската ѕвезда Кристијано Роналдо во понеделник беше пречекан во Техеран каде ќе го одигра натпреварот од азиската Лига на шампиони со домашниот клуб Персеполис.
Навивачите со радосни извици го пречекаа автобусот со Кристијано Роналдо и неговите соиграчи, кога го напуштаа аеродромот „Имам Хомеини“.
Пред тоа, Кристијано Роналдо, од претседателот на клубот Персеполис на подарок доби луксузен персиски тепих, а таа сецна можете да ја погледнете ОВДЕ.
Големи транспаренти „Добредојдовте“ со портретите на фудбалерот Ал Наср се закачени на главните патни мостови кои минуваат низ огромниот ирански главен град, ненавикнати да пречекуваат меѓународни ѕвезди поради дипломатската изолација на земјата, а тоа можете да го погледнете ОВДЕ.
За жал, ниту еден навивачи нема да може да присуствува на натпреварот во вторник на стадионот „Азади“, најголемиот во земјата со 90.000 седишта поради санкциите на Азиската конфедерација (АФЦ) наметнати по контроверзната објава од 2021 година на социјалната мрежа Инстаграм на профилот на Персеполис.
Натпреварот, кој се игра зад затворени врати, сепак ќе се емитува на телевизија.
Фудбалерите на Ал Наср од сега до почетокот на натпреварот ќе бидат под обезбедување на „елитна единица“ на полицијата, специјализирана за претседателски патувања.
Предизвикот за сите клубови е да започнат добар почеток во азиската Лига на шампиони, во која саудиските клубови сега се фаворити откако значително се засилија во текот на летото. Така Ал Наср ги ангажираше Сенегалецот Садио Мане, Белорусинот Секо Фофана.
Ал Наср ќе се обиде да му се одмазди на иранскиот клуб за поразот во полуфиналето на натпреварувањето во 2020 година.
Најуспешниот и најпопуларниот клуб во Иран, Персеполис беше финалист на ова натпреварување два пати во 2018 и 2020 година, додека Ал Наср го освои во 1995 година.