Војниците на Вагнер, кои претходниот ден го „освоија“ градот Ростов на Дон без испукан куршум, се повлекоа од градот откако нивиот лидер, Евгениј Пригожин, им нареди да се вратат во нивните бази.
Најновото видео кое кружи на Интернет покажува како борците слават откако Евгениј Пригожин објави аудио порака со која ја потврдува деескалацијата на ситуацијата.
Во саботата, групата на Вагнер, наводно, во раните утрински часови ја презела контролата врз споменатиот град, кој бил центар за руските војници за инвазијата на Украина.
„Момци, да се спакуваме и да си одиме дома“, вели личноста прикажана на видеото.