ВИДЕО | Погледнете како Кинезите ги отстрануваат непрописно паркираните автомобили

Наместо пајаци се користи значително поевтино решение.

И додека во Европа употребата на пајаци за движење на непрописно паркирани возила се уште е вообичаена, во Кина користат многу поедноставно решение. Наместо несмасни камиони кои тешко се движат низ тесните градски улици и уште потешко маневрираат со самиот товар, во Кина се користат роботи. 

Станува збор за роботска платформа која ја прилагодува својата форма на возилото. Откако ќе влезе под него, го зема во положбата на тркалото и потоа го вози на нова локација. Платформата ја контролира операторот преку далечински управувач. 
Возилото потоа се вози на првото легално паркинг место и се остава таму со парична казна за сопственикот на возилото.