Украинските сили пред неколку дена во успешен напад го „збришаа“ целиот руски воен конвој и притоа уништија значителен број артилериско оружје. Нападот се случил во областа Запорожје на југоистокот на Украина, каде што се водат тешки борби како дел од украинската контраофанзива, пишуваат странските медиумски агенции.
На видеото објавено од украинската Армија може да се види како проектили паѓаат врз руски возила и оклопни возила кои едноставно немаат каде да се сокријат.
Нападот предизвикал паника меѓу руските војници, многу возила се уништени или запалени, а на видеото се гледа како чад се издигнува кон небото. Украинските сили разнесоа руски тенк MTLB и околу шест камиони, од кои се чини дека секој носи артилериско оружје.
Корисникот на социјалната мрежа Твитер по име InRodWeTrustMTL напиша:
„Како што постојано истакнувам, Украина ја уништува руската артилерија, особено на јужниот фронт на Запорожје. Овде, Украина користи беспилотни летала за прилагодување на артилерискиот оган и тие уништуваат цел конвој руски камиони за снабдување со артилерија“.
Оваа последна заседа доаѓа откако гувернерот на Запорожје, Јуриј Маласка, изјави дека имало 45 руски воздушни и артилериски напади меѓу петокот и саботата.