Манчестер Јунајтед го пречека Копенхаген на „Олд Трафорд“. Англичаните иако беа очигледни фаворити, со многу мака дојдоа до минималната победа од 1:0.
Најпрвин Диого Гонсалвеш ја погоди стативата во петтата минута, а Данците се закануваа во текот на остатокот од натпреварот. Сепак, Хари Мегваер со глава ја упати топката во мрежата во 72. минута. Токму кога се чинеше дека Манчестер Јунајтед се снајде и дојде до победа, дојде до нова драма и на натпреварот се роди нов херој.
Во 96. минута гостите добија пенал, а Џордан Ларсон ја смести топката на белата точка. Тој зеде залет и шутираше, но брилијантниот Андре Онана го прочита и ја спаси првата победа на Манчестер Јунајтед во сезоната во Лигата на шампионите.
Одбраната на Андре Онана вредна три бода погледнете ја ТУКА.
„Секако ова е неверојатна и одлична вечер. Особено кога во последните секунди имаш пенал против нас, но тогаш се појавува брилијантниот Андре Онана. Хари Мегваер одигра одлично, а исто така и Андре Онана. Не спаси со одлична одбрана уште на почетокот на вториот дел“, изјави по натпреварот тренерот на Манчестер Јунајтед, Ерик Тен Хег и додаде: „Одигравме лошо прво полувреме, но останавме смирени и го зголемивме гасот во второто и создадовме повеќе шанси од нив. На крајот едвај се извлековме. Оваа сезона моравме да ја смениме задната четворка и потоа исчезнаа некои рутини и се отвори средниот ред. Се бориме со рамнотежа. На некои натпревари имавме посед и немавме контрола во средниот ред, но сигурен сум дека кога ќе ја вратиме рутината, ќе имаме основа за подобрување“.