Страшна снимка од Бахмут
Новинарот на „Фајненшл тајмс“, Кристофер Милер на своите социјални мрежи сподели видео од окупираниот Бахмут направено од дрон. Милер потсетува дека овој град во Украина некогаш бил дом на повеќе од 70.000 луѓе, а денес по неколку месеци руско бомбардирање е целосно во урнатини. Како што може да се види од прилогот, не била поштедена ниту детската болница.