На крајот од мечот Ѓоковиќ не можеше да ги сокрие емоциите, падна на земја и со големо олеснување ја дочека освојувањето на рекордната титула. Во еден момент заплака, а потоа радоста ја сподели со семејството и најблиските соработници.
Ѓоковиќ со тоа стана апсолутен рекордер по бројот на титули во ГС со 23 титули, оставајќи ги зад себе Рафаел Надал со 22 и Роџер Федерер со 20.
Тој е единствениот играч кој има освоено сè на АТП турнејата – сите четири Грен слемови, сите девет Мастерси (вкупно 38) и АТП-финалето.
Исто така, со освојувањето на третиот РГ во кариерата, Новак се врати на првото место на АТП листата, а од утре на тронот ќе го замени Карлос Алкараз.