Српскиот познат инфлуенсер и јутјубер, Стефан Јанковиќ, сподели видео на социјалната мрежа Тик Ток кое предизвика бурни реакции кај следбениците. Имено, тој снимил како со крем „Nutella“ ја покрива целата кујна на своите родители. Видеото е прегледано над 1,1 милион пати, а собра над 75 илјади допаѓања и стотици коментари.
„Што мислите, дали преживеав ?“, ги прашува тој своите следбеници во описот на видеото.
Потегот на Стефан Јанковиќ не им се допадна на многумина гледачи на видеото.
„Не боли само болеста“, „Некои деца немаат пари да купат крем, а ти погледни што правиш“, „Има гладни луѓе, размисли дали вреди да ја фрлиш храната со која би можел да нахраниш многу од нив заради популарноста“, „Срамота!“, „Подобро да ја дадете на некои деца што немаат да јадат“, „Што се нема да направете за прегледи“, ова се дел од коментарите оставени под видеото.
Стефан Јанковиќ потоа ја сподели реакцијата на мајка му, која му се налути, дури и кога и откри дека ја обложил кујната со фолија пред да ја премачка со крем. Во видеото мајката почнува да ја вади фолијата од крем од кујната.