Видеото на тенисерот Матео Беретини (26 г.) од пред натпреварот стана вирално и апсолутен хит на социјалните мрежи.
Слободно можеме да кажеме дека за ова се заслужни жените кои не кријат дека не останале имуни на неговиот изглед. Видеото е прегледано повеќе од 300.000 пати на социјалната мрежа Тик Ток и го прикажува згодниот Италијанец како шета, се смее и позира со обожавателите. Матео Беретини е причината поради која многумина од понежниот пол ќе започнат да следат тенис.
„И така наеднаш станав љубителка на тенисот“, „Убав е“, „Се предомислив за тенисот, започна да ме интересира“, „Без зборови“, „Мислам дека го сакам тенисот“, „Најзгодниот маж на Вимблдон“, „Еден од најубавите спортисти“, се само дел од коментарите под објавата.
Погледнете го видеото од Матео Беретини ОВДЕ.
Инаку, Матео Беретини не е сингл. Веднаш штом беше елиминиран од Вимблдон, Матео Беретини се упати на јахта со Мелиса Сато, 11 години постара девојка од него. Водителката, која имаше бурен љубовен живот, беше главна тема на многумина, бидејќи многумина беа убедени дека таа е одговорна за лошите резултати на младиот Италјанец. И покрај тоа, тенисерот потоа се огласи и истакна дека „тенисот му е приоритет“, како и дека „падовите во кариерата се нормална работа“.