На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа дека легендарниот Аргентинец Лионел Меси заврши со сериозниот фудбал, барем на клупски план.
Во последниот настап сезонава за Интер Мајами, Лионел Меси ги запрепасти фудбалските обожаватели со своето однесување на теренот.
Еден навивач од трибините го снимил целосно незаинтересираниот Аргентинец на гостувањето против Шарлот (0:1). Во забрзаното видео кое трае околу 30 секунди, може да се види како Лионел Меси чекори на теренот лево-десно, омаловажувајќи ги напорите на соиграчите, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
Ова вирално видео предизвика доста бурни реакции кај обожавателите кои се разочарани од односот и однесувањето на играчот кој има годишна плата од 19 милиони евра и е главен фаворит за освојување на Златната топка.