По видеото на кое Кејт Мидлтон се обидува да направи палачинка, следеше обидот на Дејвид Бекам, кој беше нешто поуспешен, но не целосно.
Дејвид Бекам и неговото семејство го прославија денот на палачинките подготвувајќи го токму овој десерт, а поранешниот фудбалер на социјалните мрежи се пофали со своите „кулинарски вештини“.
Сепак, не помина сè така лесно. На едно видео што го сподели неговата сопруга Викторија, како и самиот Дејвид, може да се види како превртува палачинки.
Во описот на видеото тој и рекол на сопругата: „Ти реков дека сè уште можам да го направам тоа“. Иако првиот пат успешно ја преврте палачинката, вториот пат не беше толку успешен и таа наместо на тавата заврши на неговите гради.
Модната дизајнерка може да се види во позадина како го гледа својот сопруг, а потоа се смее на неговиот неуспех. Таа на својата инстаграм приказна го сподели споменатото видео со опис: „Љубов во кујната“.
Бекам не беше единствениот кој не се прослави во кујната, а принцезата од Велс Кејт Мидлтон неуспешно се обидуваше да направи палачинки за време на посетата на домот за стари лица. Видеото од нејзината „борба“ со палачинката набрзо стана хит на мрежите.