Снимка споделувана на социјалните мрежи деновиве поттикна дискусии за неодговорностите во јавниот превоз. На видеото, мајка стои во преполн трамвај, со доенче во носач закачен на нејзиното торзо.
„Иако е многу симпатична, навистина е штета што оваа мајка остана да стои, а ниеден човек не ѝ понуди место. Какво себично општество станавме”, гласи еден од коментарите. (Видео)
Пораката е дека, освен на повозрасен човек, лице со попреченост или некаква повреда, бремена жена итн., во јавно превозно средство, местото за седење треба да ѝ се отстапи и на жена со бебе или со мало дете.
Од друга страна, пак, некои следачи мислат дека не се знае што всушност се крие зад ова видео, па претпоставуваат и дека можеби некој ѝ понудил место на жената, но таа одбила. Општо земено, сите се согласуваат дека е себично да не ѝ се отстапи седиште на мајка со дете, а се истакнува дека тоа е и опасно.