ВИДЕО: ПО ТРАГЕДИЈАТА ВО ТУРЦИЈА, ЛЕГЕНДАТА ВО СОЛЗИ ГО МОЛИ СВЕТОТ ЗА ПОМОШ! “ТУКА УМИРААТ ЛУЃЕ”

Демирел во кариерата забележа 63 настапи за националниот тим, а моментално е тренер на Хатајспор.

Драматични сцени пристигнуваат од Турција, која беше погодена од разорен земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил во областа Пазарџик, во провинцијата Кахраманмарас на југоисток од земјата, на околу 60 километри воздушна линија од сириската граница, а почувствуван е и на Кипар и Либан.

Бројот на жртвите постојано се зголемува, а со кратка и многу емотивна порака во директен пренос на социјалните мрежи се огласи поранешниот репрезентативен голман на Турција Волкан Демирел.

– Помогнете, сакам да ги испратите сите ресурси, ве молам! Ве молам, во име на Бога, овде умираат луѓе – рече Демирел.

Демирел има 63 настапи за Турција и моментално е тренер на Хатајспор, моментално 14-та екипа во турската прва лига.