Загрепската полиција извести дека во средата добила повеќе од 950 пријави од граѓани поврзани со штети предизвикани од невремето во кое загинаа двајца мажи во областа на Загреб, а десетици луѓе побарале лекарска помош.
На социјалната мрежа TikTok се појави драматично видео од група луѓе кои се нашле во жичницата на Сљемен за време на невремето.
– Изгледа како траума за цел живот. Ова е дефинитивно најлошото место на кое можете да се најдете за време на бура – напишале во коментарите.
На официјалниот сајт на „Жичаре Сљеме“ предупредуваат:
„Проверете го моменталниот налет на ветрот што влијае на работата на жичарницата. Видете ја и прогнозата за брзината на ветерот за наредните денови за да го испланирате вашето патување мудро.’
Инаку, возењето со жичарница трае околу петнаесетина минути. Висинската разлика е околу 750 метри надморска височина. Брзината е околу 20 километри на час.