Кошаркарите на Денвер Нагетс за прв пат во историјата станаа шампиони во НБА.
На крилата на маестралниот Србин, Никола Јокиќ, Денвер Нагетс во петтиот натпревар од финалната серија го совладаа Мајами Хит со резлутат од 94:89 (22:24, 22:27, 26:20, 24:18) и до титулата стигнаа со вкупен резултат од 4-1.
Најдобриот играч на Денвер Нагетс натпреварот го заврши со 28 поени, 16 скока и четири асистенции.
Апсолутниот херој на историскиот успех на тимот од Колорадо, српскиот ас Никола Јокиќ ги даде првите впечатоци веднаш по натпреварот од теренот.
„Знаевме дека тие се голем клуб со карактер. Долго време не можевме да погодиме шут, но на крајот најдовме начин да дојдеме до победата. Ги задржавме под 90 поени“, изјави Србинот.
На новинарско прашање како се чувствува како шампион во најмоќната кошаркарска лига – НБА, српскиот ас во свој стил одговори:
“Добро е! Работата е завршена, можеме да си одиме дома“, кажа Никола Јокиќ со голема насмевка на лицето.