Лидерот на Чеченија, Рамзан Кадиров, ги покажа бицепсите (мускули) откако руските новинари го прашаа за неговото здравје.
Павел Зарубин, известувач на една руска телевизија, побара од Рамзан Кадиров да ги коментира гласините дека неговото здравје сериозно се влошило и дека наводно одреден период поминал во болница.
„Толку многу пишуваа за тебе и твоето здравје во последните денови и недели. Што би можеле да им кажете на тие луѓе“, прашал Павел Зарубин.
Рамзан Кадиров се насмеал на тоа и ги покажал мускулите, а тој момент можете да го погледнете ОВДЕ.
„Ахмат сила“, накратко само одговорил Рамзан Кадиров.
Украинските и западните медиуми, да потсетиме, изминативе денови пишуваа дека Рамзан Кадиров е во кома поради тешка бубрежна болест. Во еден момент некои медиуми тврдеа дека тој е хоспитализиран во Москва, а неколку пати дури беше објавено дека тој починал.
Рамзан Кадиров во четвртокот во Москва се состана со претседателот на Русија, Владимир Путин.
Соопштено е дека на средбата се разговарало за состојбата во републиката и социјалната сфера, односно за учеството на чеченските борци во војната. Коментирајќи ја средбата на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, Рамзан Кадиров напиша дека биле покренати и други прашања, како што е изградбата на џамија во Москва.