Сауди Ал Наср одигра нерешено 2-2 на домашен терен со Ал Шабаб во 24. коло од локалната лига. Гостите рано поведоа со 1:0, но домашните до полувремето го свртеа резултатот. Сепак, во 67. минута Ал Шабаб стигна до бод, откако нивниот противник остана со играч помалку.
Еден од погодоците за домашниот тим го постигна Кристијано Роналдо, што беше негов 926 гол на официјални натпревари во кариерата. Сепак, навивачите на социјалните мрежи споделуваат уште едно видео во кое португалскиот голгетер е главна ѕвезда, од загревањето пред натпреварот.
Роналдо го забележал својот љубител, но не бил премногу импресиониран од тоа како изгледал.
,,Брат, не личиш на мене. Не личиш на мене, многу си грд”, му викна поранешниот напаѓач на Реал Мадрид, Јувентус, Манчестер Јунајтед и Спортинг.