Саудискиот Ал Наср вчера пристигна во Техеран каде со Персеполис ќе го одигра натпреварот од азиската Лига на шампиони, а Кристијано Роналдо уште еднаш покажа дека има големо срце, особено кога се во прашање неговите навивачи. Имено, Португалецот и ја исполнил животната желба на иранската сликарка Фатима.
Фатима е инвалид и голем фан на португалскиот фудбалер. Колку оваа средба и значела на Фатима пренесуваат видеото и фотографиите кои саудискиот клуб ги објави на социјалните мрежи. Натпреварот во Техеран се игра вечерва од 20 часот пред празни трибини, поради казната на Азиската конфедерација која му беше изречена на Персеполис.