Кристијано Роналдо (38) моментално е со репрезентацијата на Португалија, која е целосно незапирлива во квалификациите за ЕП 2024 во Германија. По девет кола, избраниците на Роберто Мартинез имаат исто толку победи, 34 постигнати гола и само два примени.
Во недела против Исланд ќе се обиде да го заврши циклусот на 100%, а Роналдо по голот против Лихтенштајн ќе се обиде да го надополни својот одличен голгетерски учинок кој во моментов изнесува 46 гола за клупската и репрезентацијата оваа година. Меѓутоа, кога нема обврски во Ал Наср и Португалија, Роналдо успева да одмори.
Неговата долгогодишна партнерка Џорџина Родригез на својот Инстаграм профил сподели монтажа од снимка од семејно излегување по повод роденденот на една од нејзините ќерки. На една од кадрите која особено ги насмеа фановите, се гледа како Роналдо се трка со деца кои возат мал детски трицикл.