Синот на чеченскиот воен командант Рамзан Кадиров брутално претепа Украинец кој бил приведен поради сомнение дека го запалил Куранот.
Адам Кадиров (15 г.) е снимен како го тепа Никита Журавел (19 г.), родум од Украина, кој бил задржан во притворска ќелија поради наводно палење примерок од исламската света книга.
Додека за тепањето отворено се зборува во руските медиуми веќе еден месец, видео од нападот јавно беше споделено во понеделникот од чеченски воен лидер, кој го пофали својот син тинејџер.
„На Интернет се уште се разговара за тоа дека мојот син Адам Кадиров го претепа уништувачот на Светиот Куран, Никита Журавел, соучесник на украинските безбедносни служби“, се вели во пораката на Рамзан Кадиров.
„Дали тоа се случи или не ? Го претепа и ја направи вистинската работа. Згора на тоа, верувам дека секој што ќе навреди некое Свето Писмо треба да биде строго казнет, вклучително и оние кои демонстративно го палат и навредуваат десетици милиони граѓани на нашата голема земја. Нашата земја има единствен закон кој го штити Светото Писмо, а го потпиша претседателот на Русија, Владимир Путин. Верските вредности на граѓаните на земјата ги штити државата на највисоко ниво, а провокаторите не можат да го одземат тоа“, напиша Рамзан Кадиров во објава на социјалните мрежи.
„Без претерување, горд сум на постапката на Адам. Тој отсекогаш се одликувал со желба да расте не меѓу своите врсници, туку меѓу постарите, со што ги развива возрасните идеали за чест, достоинство и одбрана на својата вера. Го почитувам неговиот избор“, вели Рамзан Кадиров, татко на 14 деца.
За 19-годишникот кој наводно го запалил Куранот, Рамзан Кадиров накратко додаде:
„Таквите провокатори и предавници се болен тумор на опшеството што треба да се уништи“.
Тепањето во моментов е под истрага на Рускиот истражен комитет.
Телевизиската ѕвезда Ксенија Собчак се пожали на првиот човек на рускиот истражен комитет, Александар Бастрикин, поранешен колега на Владимир Путин, поради јавното објавување на снимката од насилството. Видео-снимката од насилниот момент можете да ја погледнете ОВДЕ.
„Ова е пекол. Ова е водачот на Република Чеченија. Ова е непочитување на законите на нашата земја“, вели Ксенија Собчак.
„Постапките на Адам Кадиров мора да бидат истражени, мора да им се даде правна оцена во согласност со Кривичниот законик на Русија, а не законите на шеријатот или Рамзан Кадиров. Овој млад човек не треба да се извлече од тоа, до кога може да се потсмева со цела Русија и отворено да плука во лице на целиот систем на спроведување на законот ?“, се запраша Ксенија Собчак.
Целата оваа ситуација доаѓа откако Рамзан Кадиров не е виден во јавноста неколку недели, што ги подгреа шпекулациите дека е или мртов или тешко болен.
Рамзан Кадиров (46 г.) се вели дека е „критично болен“ откако, наводно, итно бил пренесен од Москва во неговиот регионален главен град Грозни, оддалечен речиси 3.200 километри, за да се справи со сериозни проблеми со бубрезите.
Украинското разузнавање тврдеше дека имаат информации дека тој е во „сериозна состојба“.
„Можеме да потврдиме дека имал сериозен релапс и дека е во критична состојба веќе неколку дена“, изјави портпаролот на ГУР минатата недела.
Но, Рамзан Кадиров објави видео на својот профил на социјалната мрежа Телеграм, кое се чини дека потврдува дека тој е сè уште жив.
Чеченски воен командант снимил две видеа на кои се гледа како оди по патека во непознат парк, а истите можете да ги погледнете ОВДЕ.